• петок, 05 декември 2025

Концерти, изложби и претстави на „Звукот на Скопје“

Концерти, изложби и претстави на „Звукот на Скопје“
Скопје, 17 септември 2022 (МИА) - Фестивалот „Звукот на Скопје“ продолжува вечер со концерт на модерна, моќна и енергична музика на плоштадот „Мајка Тереза“ и на „Ибни Пајко“. На плоштадот „Мајка Тереза“ ќе настапат Брука бенд, Фулиш Грин, Бла Бла Бла, Тони Китановски и Черкези и Љубојна, Додека на „Ибни Пајко“ ќе се претстават Баклава, Дориан и Добрила Дуо и „Перија“, а ќе може да се погледне и изложбата на колажи на Игор Калц. Ќе има и поетско читање, а за  најмладите генерации и нивните родители ќе биде изведена детската престава „Куферко светскиот патник од Македонија” на Симона Ристевска. сх/са/

Остани поврзан