Конференција „Чувари на мудроста“ на Економскиот факултет во Скопје
- ретото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“ ќе се одржи денеска на Економскиот факултет во Скопје, на која ќе учествуваат професионалци од различни области на делување.
Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Третото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“ ќе се одржи денеска на Економскиот факултет во Скопје, на која ќе учествуваат професионалци од различни области на делување.
На конференцијата говорниците ќе ги пренесат своите животни и професионални совети на младите, ќе зборуваат за почетоците, предизвиците и клучните моменти што ги обликувале како личности.
Еден од говорниците на конференцијата ќе биде професорот Абдулменаф Беџети, кој е ректор и професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и член на МАНУ. Тој ќе говори во рамки на првиот панел „Курикулум на животниот и професионален развој“. дма/лв/
Фото: Принскрин