• недела, 22 декември 2024

Конференција „Социјален дијалог - состојба, перспективи и предизвици”

Конференција  „Социјален дијалог - состојба, перспективи и предизвици”

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Конференција на тема: „Социјален дијалог - состојба, перспективи и предизвици” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт Скопје.

Најавено е учество на преставници на ССМ, Организацијата на работодавачи на Македонија - ОРМ, Министерството за економија и труд, Министерството за јавна администрација, како и професори и експерти.

- На конференцијата ќе бидат разгледани актуелните состојби со социјалниот дијалог во државата, со цел да се утврдат идните чекори за неговото унапредување, како и за развој и потикнување на колективното договарање на сите нивоа, во насока на остварување, заштита и унапредување на работничките права,  најави ССМ. лв/вг/

фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан