• понеделник, 23 декември 2024

Конференција „Подобрување на системот за слободен пристап до информации од јавен карактер“

Конференција „Подобрување на системот за слободен пристап до информации од јавен карактер“
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација“ денеска ќе се одржи конференција на тема „Подобрување на системот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Конференцијата се реализира со поддршка од National Endowment for Democracy (NED) и во соработка со заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро управување Славица Грковска и Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер - Во изминатиот период ЦУП спроведе анализа на најчесто бараните информации од страна на граѓаните преку инструментот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Оваа анализа е придружена со Упатство за институциите од јавниот сектор за тоа како може да ја подобрат нивната транспарентност и истата ќе биде презентирана со цел да поттикне дискусија меѓу присутните учесници за проактивноста на институциите од јавниот сектор во објавувањето на информации од јавен интерес, информираат од ЦУП. Како што најавуваат организаторите, на конференцијата ќе учествуваат вицепремиерката  Грковска, директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (АЗПСПИЈК) Пламенка Бојчева, претставници на граѓанскиот сектор и на бизнис секторот. фф/лв/

Остани поврзан