• понеделник, 23 декември 2024

Конференција „Како до поефикасна заштита од корупција на локално ниво“

Конференција „Како до поефикасна заштита од корупција на локално ниво“
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Центарот за граѓаниски комуникации денеска во Скопје организира конференција на тема „Како до поефикасна заштита од корупција на локално ниво“.

На конференцијата ќе се говори за важноста на борбата против корупцијата во единиците на локална самоуправа и улогата на локалната заедница во борбата против корупција, а ќе се побара одговор и на прашањето што им недостига на општините за да ја засилат борбата против корупција.

- Конференција е дел од низата подолгорочни напори што ќе следуваат во насока на намалување на корупцијата преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции, велат организаторите.

Најавени се обраќања на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ и на градоначалниците на Битола, Тетово, Куманово и Чаир. 

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Заштита од корупција“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Кралството Холандија. бак/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан