• вторник, 05 ноември 2024

Конференција за придобивките од медијацијата

Конференција за придобивките од медијацијата
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Придобивките од медијацијата, како алтернативен метод на решавање на споровите, ќе бидат презентирани на промотивната конференција насловена „Со медијација кон подобрување на правото за пристап до правда“ што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје. Како што информираат организаторите, на овој настан ќе се прикажат и клучните наоди од репрезентативната анкетата за користа и употребата на медијацијата спроведена со бизнис секторот и јавната администрација во нашата држава. Конференцијата е по повод одбележување на Европскиот ден за граѓанска правда, чија цел е да го доближи до граѓаните правосудството и пристапот до правда на начин на кој тие подобро ќе ги запознаат своите права како и начинот на нивното остварување и заштита.Настанот се организира во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“,  кој Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, а има цел да придонесе кон промоција и зголемена употреба на медијацијата преку заеднички акции, дијалог и застапување врз основа на докази, како и да ги зајакне капацитетите на медијаторите, судиите, обвинителите и Комората на медијаторите. вг/са/

Остани поврзан