Конференција „Заштита од корупција: Перспективи и решенија на локално ниво“
- Целта на конференцијата е да се претстават резултатите од спроведените активности во рамки на проектот „Заштита од корупција“ во периодот 2021-2024 година и да се иницира дискусија за преспективите и решенијата што треба да доведат кон натамошно динамизирање на борбата против корупцијата.
Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - „Заштита од корупција:Перспективи и решенија на локално ниво“ е насловена конференцијата што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Центарот за граѓански комуникации.
Целта на конференцијата е да се претстават резултатите од спроведените активности во рамки на проектот „Заштита од корупција“ во периодот 2021-2024 година и да се иницира дискусија за преспективите и решенијата што треба да доведат кон натамошно динамизирање на борбата против корупцијата.
Како што е најавено од организаторите, на конференцијата ќе говорат Амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, претседателката на Државна комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, како и претставниците на Центарот за граѓански комуникации, Сабина Факиќ и Герман Филков.
Конференцијата се организира во рамките на проектот „Заштита од корупција“ кој го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Кралството на Холандија. цр/лв/
Фото: принтскрин