Конференциска лига: Работнички поразен со три разлика
- Фудбалерите на Работнички претрпеа пораз од 3:0 од белорускиот тим Торпедо Белаз во првиот натпревар од првото квалификациско коло од Конференциската лига.
Шомботели, 10.јули 2025 (МИА) - Фудбалерите на Работнички претрпеа пораз од 3:0 (1:0) од белорускиот тим Торпедо Белаз во првиот натпревар од првото квалификациско коло од Конференциската лига.
Торпедо поведе во 12.минута со голот на Павел Седко, а на 2:0 зголеми Вадим Побудеј во 64.минута, додека конечните 3:0 во судиското надополнување на вториот дел (90+3 минута) ги постави Стивен Алфред.
Натпреварот се играше на неутрален терен во Унгарија поради близината на воената состојба во Украина во Белорусија.
Реванш дуелот се игра на 17.јули на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. мн/
Фото: Фејсбук ФК Работнички