• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Конте го израмни рекордот на Капело во Серија А

Конте го израмни рекордот на Капело во Серија А

Неапол, 24 мај 2025 (МИА) - Наполи го победи Каљари (2:0) синоќа во 34. коло и стана шампион на Италија. Тренерот на „наполитанците“, Антонио Конте, сега е еден од двајцата тренери кои го освоиле италијанското првенство со три различни клуба.

Во сезоните 2011/12, 2012/13 и 2013/14, тој ја освои Серија А со Јувентус, а во сезоната 2020/21 со Интер.

Претходно, само Фабио Капело успеа да го направи ова, водејќи ги Јувентус, Милан и Рома до победи во италијанското првенство. 

Сепак, шампионските титули на тимот од Торино во сезоните 2004/05 и 2005/06 беа поништени поради корупциски скандал.

Конте е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2024/25 во Серија А. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан