Контејнери за електричен и електронски отпад на 12 локации во Кисела Вода
- Жителите на општина Кисела Вода од денеска, на 12 различни локации, имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен, електронски отпад и отпадни батерии. Општина Кисела Вода во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии.

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Жителите на општина Кисела Вода од денеска, на 12 различни локации, имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен, електронски отпад и отпадни батерии. Општина Кисела Вода во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии.
На контејнерите има инструкции за користење, како и список на дозволени видови отпад кои може да се фрлаат во него: батерии, мобилни телефони, мали куќни апарати како миксери, тостери, фенови, мали монитори, статични и преносни компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници и други слични уреди.
-Важно е да напоменеме дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали. Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон заштитата и одржливоста на животната средина, помагајќи во намалувањето на опасниот отпад на улиците и сузбивањето на создавање на диви депонии околу контејнерите. Исто така, селектирањето и правилното одлагање на отпадот, придонесува за зголемување на јавната свест меѓу граѓаните, наведува Општина Кисела Вода и апелира до жителите одговорно и свесно да се однесуваат, како и правило да ги користат поставените контејнери. мч/дма/
фото: Општина Кисела Вода