• недела, 22 декември 2024

Конститутивна седница на албанскиот Парламент закажана на 10 септември

Конститутивна седница на албанскиот Парламент закажана на 10 септември

Тирана, 4 септември 2021 (МИА) - Конституивната седница на новиот албански законодавен дом ќе се одржи на 10 септември. Врз основа на уставните надлежности седницата со уредба ја свика претседателот Илир Мета. Во новиот Парламент со вкупно 140 пратенци Социјалистичката партија (ПС) има 74 пратенички места, изборната коалиција предводена од Демократската партија (ПД) 59, Движењето за социјалистичка интеграција интеграција (ЛСИ) четири и Социјалдемократската партија има три пратенички места. Како што пред два дена, на седница на Националното партиско собрание, соопшти лидерот на социјалистите Еди Рама, спикер на Парламентот ќе биде универзитетска професорка Линдита Никола. Педесет и шест годишната Линдита е сопруга на за проф. д-р Лигор Никола, актуелен декан на Факултетот за математичко инжињерство и физика во Тирана. Тој е Македонец, родум од село Врница, област Голо Брдо. Како македонска снаа одлично зборува македонски јазик. Ова е последователна висока функција која Рама ја доверува на своите сопартијки. Во новата влада, која ќе брои 16 министерства, 12 се жени. вт/ми/

Остани поврзан