• петок, 22 ноември 2024

Конституиран Советот на Општина Зрновци

Конституиран Советот на Општина Зрновци
Кочани, 2 ноември 2021 (МИА) - Советот на Општина Зрновци ја одржа првата, конститутивна седница, со што официјално почна мандатот на новиот советнички состав. По комисиското верифицирање на мандатите на сите девет советници кои влегоа во новиот состав, тие заеднички ветија дека ќе работат во интерес на општината и нејзините граѓани. Во работниот дел на седницата беше изборот на претседател, при што едногласно е усвоен предлогот со Советот да заседава Виктор Анакиев од коалицијата „Обнова на Македонија“. -Нашата коалиција има мнозинство во Советот со пет советника, коалицијата на СДСМ има три советника, а еден е од движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ. По верификацијата на мандатите и по изборот на претседател, ги формиравме комисиите што се неопходни за полноправно функционирање. Тоа значи дека веќе од наредната седница ќе можеме да носиме одлуки и да дејствуваме во интерес на граѓаните на општина Зрновци, истакна Анакиев. По завршувањето на седницата тој нагласи дека очекува конструктивна и плодна соработка со сите членови на Советот за да се оправда добиената доверба од граѓаните. та/вг/

Остани поврзан