• четврток, 04 декември 2025

Консеисао официјално нов фудбалер на Јувентус

Консеисао официјално нов фудбалер на Јувентус

 

Торино, 22 јули 2025 (МИА) - Јувентус денеска официјално објави дека 22-годишниот португалски фудбалер Франциско Консеисао потпишал петгодишен договор со клубот од Торино.

Консеисао минатата сезона играше за Јувентус како позајмен фудбалер од Порто, а италијанскиот клуб сега го откупи неговиот договор за 30,4 милиони евра.

Португалскиот интернационалец потпиша договор до јуни 2030 година.

Консеисао е второто засилување на Јувентус во летниот преоден рок по Џонатан Давид.

Франциско Консеисао е син на поранешниот португалски репрезентативец Серхио Консеисао, а самиот Франциско веќе има 11 настапи за националниот тим и постигнато два гола. ег

Остани поврзан