• среда, 25 декември 2024

Конкурсот за попишувачи и инструктори отворен до 5 август

Конкурсот за попишувачи и инструктори отворен до 5 август
Скопје, 28 јули 2021 (МИА) - Државниот завод за статистика објави Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори кои ќе го спроведат теренското попишување на целата територија на државата, кој ќе биде отворен до 5 август. Од Државниот завод за статистика информираат дека интензивно се подготвуваат за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, што ќе се спроведе од 5 до 30 септември годинава. - Оваа статистичка операција претставува извонредна можност за сите невработени да станат дел од огромниот тим кој ќе ја спроведе најмасовната статистичка операција во државата која е од непроценливо значење за секој еден од нас. Затоа, ги повикуваме сите оние кои ги исполнуваат условите, да се пријават на конкурсот и да дадат свој придонес во реализацијата на оваа долгоочекувана статистичка операција, посочуваат од ДЗС. Пријавувањето на конкурсот се врши електронски преку апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk и трае до 5 август. фф/сп/

Остани поврзан