• петок, 22 ноември 2024

Конзулат на САД во Сиднеј вандализиран поради Газа

Конзулат на САД во Сиднеј вандализиран поради Газа

Сиднеј, 10 јуни 2024 (МИА) - Оклопниот прозорец на американскиот конзулат во Сиднеј, Австралија, синоќа беше скршен со чекан, а симболите нацртани на ѕидот беа протолкувани како поддршка за палестинскиот отпор и Хамас, против кого Израел води војна Појасот Газа.

Полицијата располага со снимка од надзор на лице кое го прави тоа, со лицето скриено со качулка.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска ги повика пропалестинските активисти да ја „спуштат топката“ и да имаат „цивилизирана политичка дебата“.

-Луѓето се трауматизирани од она што се случува на Блискиот Исток, особено оние чии роднини се во Израел или на палестинските окупирани територии, им рече Албанезе на новинарите.

Премиерот на Нов Јужен Велс Крис Минс рече дека огромното мнозинство Австралијци не го одобруваат вандализмот.

„Слобода за Газа“ и други графити беа испишани на зградата на американскиот конзулат во април, а зградата на Конзулатот на САД во Мелбурн беше испишана на 31 мај, наводно од пропалестински активисти. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан