• четврток, 21 ноември 2024

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ организира „Саем за вработување“

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ организира „Саем за вработување“

Скопје, 15 август 2023 (МИА) - „Саем за вработување“ организира конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорите 8 и 10д, информира заменикот на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

- Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата. Со задоволство ве информирам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира „Саемот за вработување“. Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на Коридорите во следните пет години, пишува на Фејсбук профилот на Груби кој е координатор за изградба на коридорите.

„Саемот за вработување“ ќе се одржи утре со почеток во 16 часот, во Агенција за вработување во Гостивар, а потоа ќе продолжи со презентација и во другите градови. сан/вг/

 

 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан