• недела, 22 декември 2024

Конгресот неделава треба да разгледува пакет-мерки за инвестиции во инфраструктурата на САД 

Конгресот неделава треба да разгледува пакет-мерки за инвестиции во инфраструктурата на САД 

Вашингтон, 26 јули 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, се надева неделава Конгресот да започне со разгледување на предложениот пакет-мерки за обнова на инфраструктурата во висина од 1.2 трилиони долари, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Овој пакет е прв од двата предложени од Администрацијата. Вториот пакет-мерки е во висина од 3.5 трилиони долари, а се однесува на сеопфатна трансформација на инфраструктурата и пазарот на трудот во согласност со новите трендови на обновливи извори на енергија и запирање на климатските промени.  

Има првичен договор со републиканските претставници од Конгресот, како Мич Мекконел, кој дава одобрување за пакетот, и формалната процедура да се постави на гласање нацрт-законот, кој се очекува да заврши неделава. 

Спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, не ја исклучи можноста гласањето да биде одложено сè додека не биде постигнат договор со републиканците и по вториот пакет инвестиции во инфраструктурата. 

Обидите на Бајден за обнова на инфраструктурата се критикувани од конзервативните републиканци и од поранешниот претседател Доналд Трамп. кб/паг/

Остани поврзан