• недела, 22 декември 2024

Конгресот на САД одобри 12,3 милијарди воена помош за Украина

Конгресот на САД одобри 12,3 милијарди воена помош за Украина
Вашингтон, 30 септември 2022 (МИА) - Американскиот Конгрес денеска одобри помош од 12,3 милијарди долари наменети за Украина за да се бори против руската инвазија. Пакетот вклучува три милијарди долари за оружје, набавки и плати за украинската војска и го овластува претседателот Џо Бајден да му наложи на Пентагон да пренесе 3,7 милијарди долари за оружје и друга техника во Украина. Таканаречената „континуирана резолуција“ -- усвоена со 230 гласови „за“ и 201 „против“, при што 10 републиканци им се приклучија на демократите -- исто така обезбедува 4,5 милијарди долари за Киев за да ги одржи финансиите на земјата стабилни и да ја одржи владата во функција. Со тоа, американскиот придонес за Украина во нејзините воените напори во конфликтѕот со Русија досега се 65 милијарди долари. ссм/

Остани поврзан