• петок, 05 декември 2025

Конате ја отфрли последната понуда на Ливерпул за продолжување на договорот

Конате ја отфрли последната понуда на Ливерпул за продолжување на договорот

Ливерпул, 24 јуни 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате, може да го напушти клубот, објавува „Гардијан“.

Дваесет и шестгодишниот Французин, чиј договор истекува следното лето, ја одбил најновата понуда за продолжување на договорот.

Минатата сезона, Конате одигра 42 натпревари, постигнувајќи два гола и две асистенции. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан