Компани: Малку сум изненаден што моите фудбалери толку рано достигнаа такво ниво на форма
- Тренерот на Баерн, Винсент Компани, го коментираше резултатот од пријателскиот натпревар со Тотенхем (4:0).
Минхен, 8 август 2025 (МИА) – Тренерот на Баерн, Винсент Компани, го коментираше резултатот од пријателскиот натпревар со Тотенхем (4:0).
- Мора да останеме смирени, сè уште има многу работа пред нас. Факт е дека тимот станува сè подобар и напредува. Малку сум изненаден што момците толку рано достигнаа такво ниво на форма. Не го очекував тоа во оваа фаза, рече 39-годишниот белгиски специјалист.
Следен пријателски натпревар на Баерн е со Грасхоперс на 12 август. зс/
Фото: ЕПА