• петок, 22 ноември 2024

Компанијата „ОКТА“ продолжува со поддршката за македонската кошаркарска репрезентација

Компанијата „ОКТА“ продолжува со поддршката за македонската кошаркарска репрезентација

Скопје, 18 јули 2023 (МИА) - Во пресрет на претквалификацискиот турнир за место на Олимписките игри во Париз, компанијата „ОКТА“ ја продолжува поддршката на кошаркарска федерација како главен спонзор.

 

Договорот за спонзорство вклучува поддршка на македонската машка репрезентација и во натпреварите од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025, кој треба да започне во февруари идната година.

 

- Среќни сме што го продолжуваме партнерството, а со тоа и континуирано придонесуваме во напорите на кошаркарската федерација да обезбеди што подобри услови за машката сениорска репрезентација во претстојните спортски предизвици. Веруваме дека нашата поддршка ќе биде дополнителен мотив за сениорите во остварување на целта – пласман на Олимпијадата 2024 и успешни квалификации во Евробаскет 2025, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

 

Договорот за поддршка на сениорскиот кошаркарски тим започнува со претквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, а ќе трае до февруари 2025 година кога треба да завршат квалификациите за Европското првенство во кошарка.

 

- Нашата цел е јасна – учество на машката репрезентација на Олимпијадата во 2024 година и на Евробаскет 2025. Поддршката, каква што е и оваа од ОКТА, е дополнителен поттик и овозможува играчите и стручниот штаб целосно и непречено да се посветат на својот, спортскиот дел од работата. Тоа е многу полесно кога имате покрај себе партнер кој е со вас долги години и низ заедничка соработка докажал дека искрено ги споделува нашите цели и амбиции. Тоа ни значи многу и нам како организација и на играчите и, верувам, на сите љубители на кошарката и на спортот во земјава, рече Перо Антиќ, претседател на Федерацијата.

 

Претквалификацискиот турнир за Летните олимписки игри ќе се одржи во Талин од 12 до 15 август 2023 година, а противници на македонската репрезентација селекциите на Израел, домаќинот Естонија и Чешка. Двете првопласирани репрезентации обезбедуваат пласман во полуфиналната фаза од квалификациите. зс/

Остани поврзан