Седници на четири собраниски комисии
- Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе го разгледува Предлог на законот за ратификација на Договорот за финансирање на повторното воспоставување заедничка постојана поставка во блокот 17 на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау.
Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за надворешна политика и надворешна трговија, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе го разгледува Предлог на законот за ратификација на Договорот за финансирање на повторното воспоставување заедничка постојана поставка во блокот 17 на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се неколку измени на одлуките за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави, за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и
разгледување на барање за остварување на плата по престанок на функцијата претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување и професионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџе се измените на Законот за јавни набавки, во прво читање. ев/са/
ФОТО: МИА Архива