Комедијата „Рибарски караници“ нова премиера во битолскиот театар
- Ансамблот на НУ Народен театар-Битола подготвен е за премиерна изведба на комедијата „Рибарски караници“ која ќе биде одиграна под ѕвездено небо на Ротинско Езеро.
Битола, 22 јули 2025 (МИА) - Ансамблот на НУ Народен театар-Битола подготвен е за премиерна изведба на комедијата „Рибарски караници“ која ќе биде одиграна под ѕвездено небо на Ротинско Езеро.
Претставата на Карло Голдони е во режија на Јован Ристовски, а се подготвуваше крај езерото во кое, како што посочуваат од битолскиот театар, во прекрасната комедија ќе се сретнат љубовта, смеата и јазикот на Голдони.
Премиерата е закажана за 25 јули, а ќе настапат Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска. мт/дма/
Фото: НТБ