• понеделник, 23 декември 2024

Колумбија доби вакцини против Ковид-19 преку КОВАКС

Колумбија доби вакцини против Ковид-19 преку КОВАКС
Богота, 2 март 2021 (МИА) - Колумбиија е првата земја на американскиот континент која прими вакцини против Ковид-19 во рамките на програмата КОВАКС поддржана од Обединети нации. Во главниот град на Колиумбија, Богота пристигнаа 117.000 дози вакцини на Фајзер-БиоНтек. Панамериканската здравствена организација соопшти дека очекува да биде зголемен пристапот до вакцините преку КОВАКС. Колумбија е трета по големина држава во Јужна Америка, а со имунизација на населението почна во средината на февруари. Колумбиската Влада соопшти дека годинава планира да вакцинира 35 милиони луѓе, вклучително и стотиците илјади венецуелски мигранти и бегалци.ми/

Остани поврзан