• петок, 22 ноември 2024

Колона: Нема подобра понуда за Иран за нуклеарниот договор

Колона: Нема подобра понуда за Иран за нуклеарниот договор
Париз, 19 септември 2022 (МИА) – Нема да има подобра понуда за Иран за нуклеарниот договор, изјави денеска француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, јави дописникот на МИА. Таа не ја исклучи можноста претседателот на Франција, Емануел Макрон неделава во Њујорк да се сретне со својот ирански колега Ебрахим Раиси. Колона утрово разговараше со нејзиниот руски колега Сергеј Лавров, особено за ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, за која според неа „истекува времето за формирање безбедносна зона“. Таа истакна дека Макрон на 21 септември ќе има работен состанок на оваа тема со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси и украинскиот премиер Володимир Зеленски. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан