• понеделник, 15 јули 2024

Колинс експресно до финалето на Австралија опен

Колинс експресно до финалето на Австралија опен
Мелбурн, 27 јануари 2022 (МИА) – Американката Даниеле Колинс се пласира во финалето на Грен слемот Австралија опен. Таа попладнево по само еден час и 19 минути игра ја совлада полската тенисерка Ига Швјатек со 2:0. Колинс првиот сет го доби со 6:4, а во вториот на ривалката и препушти само еден гем. Во борбата за престижниот трофеј на турнирот во Мелбурн, Колинс в сабота ќе се соочи со домашната тенисерка Ешли Барти. Колинс е 27-ма носителка на турнирот, додека Барти е прва фаворитка. Грен слемот Австралија опен се игра за награден фонд од 54 милиони долари. зс/

Остани поврзан