• понеделник, 23 декември 2024

Колев: Ќе се потпише договор од над 40 милиони денари за подобрување на основна инфраструктура во висока зона

Колев: Ќе се потпише договор од над 40 милиони денари за подобрување на основна инфраструктура во висока зона

Скопје, 25 февруари 2023

Редовната комуникација со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски продолжува.

Денеска претседателот на партијата е во редовна посета на општина Велес, се со цел сите проекти кои што ги имаме ветено за време на локалните избори да видиме до каде се, и да најавиме доста нови проекти кои што се и надвор од програмата за локалните избори.

Бевме на улица „Живко Фирфов“ кај што се одвиваат сериозни активности, очекувам наредната недела да има и асфалтирање на таа улица. А, сега се наоѓаме на улица „Благој Ѓорев“ каде што еве можете да видите дека неколку недели тука имаше ископ, насип, тампонирање, ќе има и нови ивичњаци, нови тротоари, и секако асфалт. Оваа улица е улица која што е многу користена, тука е населба Превалец, двете населби Тунел и Ќерамидна и дополнително патот кон Општина Чашка. И оваа улица за некои месец, месец ипол ќе има целосна реконструкција.

Ќе продолжиме со реконструкцијата на улицата „Лазо Осмаков“, „Орце Мартинов“ и „Андон Шурков“. Овие сите проекти Општината интензивно изминатата година ги работеше во соработка со Светска Банка и министерството за транспорт и врски.

Следната недела ќе склучиме еден голем договор со неколку фирми, кој што значи договор над 40 милиони денари за подобрување на основната инфраструктура, улици, со бетонирање, асфалтирање и поставување на бекатон плочки. Но, овој пат во високите зони на град Велес заради тоа што не е само уредување на централното градско подрачје, дадовме збор дека ќе работиме и во високите зони. После ќе продолжиме заедно со претседателот и со пратеникот, и со претседателот на Советот и со советниците да го видиме игралиштето во населба Тунел, за неколку денови таму ќе имаме отпочнување на градежните работи, за реконструкција целосна. Во постапка сме за избор на фирма за реконструкција на делот на Младинскиот парк, оваа година целосно уредување ќе има и игралиштето во Дворови, кое што го ветивме пред неколку месеци дека ќе го направиме. Ракометното познато игралиште кое се служи за фудбал ќе добие најсовремена подлога, тоа е вештачка треба, но и од левата страна ќе го направиме и единственото игралиште кое што во моментов е многу лоша состојба.

Ќе работиме на подобрување на водоводот. Денски ќе отидеме и на улицата „Лазо Осмаков каде што со јавното претпријатие вршиме реконструкција на водоводната инфраструктура. Ќе вложиме сериозни финансиски средства во културата, во спортот, така да имаме многу работи кои што еве сега ги кажуваме, но и допрва ќе ги направиме во оваа 2023-та година.

Марко Колев, градоначалник на општина Велес

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан