• четврток, 04 декември 2025

Кодексот за фер и демократски избори го потпиша и вториот од тројцата кандидати за градоначалник на Центар Жупа

Кодексот за фер и демократски избори го потпиша и вториот од тројцата кандидати за градоначалник на Центар Жупа

Дебар, 26 септември 2025 (МИА) - Во просторите на Општинската изборна комисија за Општина Центар Жупа, доцна попладнево Кодексот за фер и демократски избори го потпиша Инајет Баки, кандидат за градоначалник на Општина Центар Жупа, од Партијата за движење на Турците (ПДТ).

- Претходно Кодексот, во закажаното време, во 14 часот го потпиша само кандидатот за градоначалник од Турската демократска партија (ТДП), Аријан Ибраим, кој пристигна според нашето известие, рече за МИА, Неџип Илјаз, претседател на ОИК.

Во оваа општина во трка за градоначалник е и Алил Емрула, од партијата Движење за национално единство на Турците (ДНЕТ), кој потекнува од Горна Жупа, но живее и работи во Италија.

Денеска претпладне Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа тројцата кандидати за градоначалник на Дебар, Илирјан Фетаху, кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Фисник Меља од ВРЕДИ (ВЛЕН) и Рамадан Имери, независен кандидат, кои потоа заедно со дел од членови на ОИК имаа заедничка средба. вт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан