• понеделник, 23 декември 2024

„Кога паѓаш“ на Билјана Црвенковска, првонаграден проект на „Industry @ Tallin & Baltic Event“

„Кога паѓаш“ на Билјана Црвенковска, првонаграден проект на „Industry @ Tallin & Baltic Event“
Скопје, 30 ноември 2020 (МИА) - Тинејџерската ТВ серија во развој „Кога паѓаш“(„When you fall”) на македонската авторка и сценаристка Билјана Црвенковска и во продукција на ОХО Продукција ја освои првата награда, односно „Script Pool TV“ награда во рамки на Меѓународниот бизнис самит и саем „Industry @ Tallin & Baltic Event“, што се одржува секоја година во ноември. Како што соопшти ОХО Продукција, се работи за брзорастечка регионална бизнис платформа која секој ноември, за време на „Black Nights Film Festival“, одржува петдневен самит и саем на професионалци од аудиовизуелната индустрија со цел да воспостави конекции и точки на соработка меѓу повеќе големи индустрии, со посебен фокус на поврзување скандинавската и балтичката филмска, забавувачка, технолошка и инвестицкиска индустрија со останатите континенти и глобално истакнати професионалци во областа. - Креаторите на победничкиот проект педантно и прецизно го истражиле светот во кој ја базираат нивната приказна. Вложиле многу труд обмислувајќи ја не само приказната што сакаат да ја раскажат, туку и начинот на кој би можеле подобро да допрат до таргетпубликата, правејќи таа да се заљуби во ликовите и истовремено подобрувајќи им го животот. Исто така клучно за нашата одлука беше задоволството да се види диверзитет во ликовите, вткаен во заплетот на многу природен начин, ова го соопшти жирито кое ја додели наградата „Script Pool TV Award“ за „Кога паѓаш“. Пред само десет дена, проект во развој на ОХО Продукција беше првонаграден на „European Short Pitch“. Се работи за „Скакулци“ на Ханис Багашов. мд/лв/  

Остани поврзан