• понеделник, 23 декември 2024

Ковачки: Ковачевски да дозволи неговата деловна способност да биде утврдена од страна на надлежен суд

Ковачки: Ковачевски да дозволи неговата деловна способност да биде утврдена од страна на надлежен суд
Скопје, 1 октомври 2022 Најпрвин лажеше дека не бил во војска затоа што бил на школување. Откако беше фатен во лага и во јавноста излезе документ од кој јасно се гледа дека премиерот бил трајно неспособен за воен рок и за одбрана на својата земја во 2001 година, истиот 11 дена бегаше и не даваше одговори. Конечно, истиот пред 2 дена се охрабри и на говорница јавно призна дека тим од лекари во 2000 година утврдиле дека бил трајно неспособен за одбрана на државата во 2001 година. Од причини што трајната неспособност законски е дефинирана според следното: "доколку наодите и функциите на органските системи на органите и сетилата за подолго време НЕ Задоволуваат,  а се оценети со оценка 1, како и во случаите кога е предложена оцена "ограничен за воена служба" по повеќе основи истовремено, и тоа поради намалени функции на сетилата за вид и слух, и душевна запоставеност на граница на нормалното", а имајќи во предвид дека оваа состојба е трајна и истата може само да прогресира и не може да биде отстранета, како и фактот дека премиерот Ковачевски јавно од говорница изјави дека секогаш бил чесен кон граѓаните, го повикуваме да ја покаже таа чесност и да доброволно дозволи неговата ДЕЛОВНА способност да биде утврдена од страна на надлежниот суд. Трајно неспособен премиеру Ковачевски, имате можност на народот да му ја покажете вашата чесност и да јавниот интерес го ставите над личните слабости. Барем еднаш бидете одговорен и не дозволувајте вашата трајна неспособност да влијае на одлуките и процесите во државата. Трајно неспособен и лажлив премиеру, бидејќи потврдивте дека од лекари имате утврдена трајна неспособност, охрабрете се и лично побарајте утврдување на вашата деловна способност и запознајте ја јавноста со резултатот од истата. Ние како партија ќе ви оставиме краток, но разумен временски рок да истото го направите и за истото да ја запознаете македонската јавност. Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес-конференција запрашан дали имаат индиции за други високи функционери од извршната власта за дезертерство како што е случајот со премиерот Ковачки, тој потенцираше дека постојат такви индиции за дезертество. -Да постојат индиции за други функционери од извршната власта, вклучително и високи министри од владата на СДС и на премиерот Ковачевски. Но, во моментот јас не би шпекулирал со имиња, не би излегувал со конкретни имиња, рече Ковачки. Ковачки укажа дека најважно е премиерот кој јавно призна од говорница дека е трајно неспособен, да побара од судот да му се утврди неговата деловна способност - Најважно од се во моментов е премиерот кој што јавно призна од говорница дека е трајно неспособен, да побара од судот да му се утврди неговата деловна способност, кажа Ковачки. Прес-конференција на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки https://www.youtube.com/watch?v=C_IRKlbqZ2k ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан