Ковачевски: Силно го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу
- -Употребата на сила против новинарите страшно потсетува на мрачните времиња од минатото кога немавме слобода и демократија и бевме заробена држава. Заплашување на новинари, злоупотреба на моќта и на институцијата МВР е недозволиво, напиша Ковачевски на официјалната Фејсбук страница.

Скопје, 7 април 2024 (МИА) - Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, го осуди апсењето на новинарот Фуркан Салиу.
-Употребата на сила против новинарите страшно потсетува на мрачните времиња од минатото кога немавме слобода и демократија и бевме заробена држава. Заплашување на новинари, злоупотреба на моќта и на институцијата МВР е недозволиво, напиша Ковачевски на официјалната Фејсбук страница.
Ковачевски изрази очекување новинарот да биде ослободен.
-Слободата на говор и заштитата на новинарите се врвен приоритет во едно демократско општество, додава Ковачевски на Фејсбук. нд/
Фото: МИА архива