• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски се сретна со истакнати личности од Северна Македонија кои работат и живеат во Њујорк

Ковачевски се сретна со истакнати личности од Северна Македонија кои работат и живеат во Њујорк
Скопје, 24 септември 2022 (МИА) - Бидете горди на вашето потекло, Северна Македонија е земја која има многу да понуди. Заедно со САД каде што вие работите и живеете и ЕУ, кои се наши стратешки партнери, стоиме обединети на вистинската страна, истакна премиерот Димитар Ковачевски синоќа во Македонскиот културен центар во Њујорк, каде се сретна со истакнати личности од РСМ, кои работат и живеат во САД.На приемот, како што соопштија од владината прес-служба, биле присутни лица кои работат во Организацијата на Обединети Нации, како и наши истакнати професори, уметници и претставници од бизнис заедницата.Ковачевски во поздравното обраќање истакнаl дека е огромна честа и задоволството да се биде заедно со наши луѓе во Њујорк.- После подолго време затвореност на светот сега имаме повторно можност да се дружиме и поразговараме за повеќе актуелни теми. Драго ми е што на едно место сме присутни различни луѓе од различни културни средини, сите со различни искуства и животни приказни. Тоа е она што е специфично за нас и дома и низ светот, различностите секогаш биле нашата јака страна и нешто што треба да го негуваме и развиваме, рече Ковачевски.Настанот беше организиран во рамки на посетата на премиерот Ковачевски на САД и неговото учество на 77-то Генерално Собрание на ООН. см/бак/

Остани поврзан