• четврток, 09 мај 2024

Ковачевски положи цвеќе на споменикот Жена борец во Могилата на непобедените во Прилеп

Ковачевски положи цвеќе  на споменикот Жена борец во Могилата на непобедените во Прилеп

Скопје, 5 март 2023 (МИА) - Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски денеска положи цвеќе и оддаде почит на споменикот Жена борец во Могилата на непобедените во Прилеп.

-Денес во херојскиот и револуционерен Прилеп, којшто секогаш предводел во промените кон добро и напред, положивме цвеќе на споменикот на Жената Борец. Оддадовме почит на жените кои ги дадоа своите животи за нашата слобода, моќните борци од НОБ, кои се нашиот пример, нашата ѕвезда водилка во истрајноста и заложбата секогаш да бидеме на вистинската страна на историјата и да бидеме прогресивната сила која ќе обезбеди родова рамноправност на сите нивоа. Слава им!, напиша  Ковачевски на Фејсбук. 

Ковачевски беше придружуван од заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ. дма/сст/

Фото:СДСМ

Остани поврзан