• четврток, 14 ноември 2024

Ковачевски - Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Ковачевски - Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи
Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија.Како што соопшти владината прес-служба, на средбата беше истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи.Претседателите на Владите на Северна Македонија и Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков се согласија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји, стои во соопштението на владината прес-служба. нд/са/

Остани поврзан