• недела, 22 декември 2024

Ковачевски-Памер: Сега е моментот да се продолжи напред, бидејќи македонските граѓани заслужуваат европска иднина

Ковачевски-Памер: Сега е моментот да се продолжи напред, бидејќи македонските граѓани заслужуваат европска иднина

Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со новиот австриски амбасадор Мартин Памер на која е разговарано за билатералните односи, но и за актуелните прашања од значење за перспективите на државата. 

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата била истакната и поддршката на Австрија за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес, како пример на функционална, мултуетничка и мултирелигиска држава во Европа, којашто придонесува за стабилноста во регионот и во Европа.

Заеднички е констатирано дека сега е моментот да се продолжи напред, бидејќи македонските граѓани заслужуваат европски квалитет на живот и европска иднина.

Ковачевски му посакал успешен мандат на амбасадорот Памер, нагласувајќи дека неговото богато дипломатско искуство и познавањето на регионот ќе придонесат за натамошно збогатување на одличните односи меѓу двете држави. 

- Заеднички е афирмирано силното и долгогодишно пријателство помеѓу двете земји, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи. Посебно е нагласена успешната економска соработка, што ја докажува фактот дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во нашата држава, велат од Владата. сх/бак/

Фото: Влада

Остани поврзан