• четврток, 14 ноември 2024

Ковачевски на работна вечера со лидерите учесници на Бледскиот стратешки форум

Ковачевски на работна вечера со лидерите учесници на Бледскиот стратешки форум

Блед, 27 август 2023 (МИА) - Во живописното место Блед под алпите и кај истоименото езеро, туристичка атракција во Словенија, привршуваат подготовките за Бледскиот стратешки форум на кој учествува и премиерот Димитар Ковачевски. 

Дводневниот форум на тема „Солидарност за глобална безбедност“, неформално почнува вечерва со работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб на која ќе учествува и премиерот Ковачевски. 

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски требаше попладнево да се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, средбата е одложена за утре во 9 и 30 часот, јави дописнич

Како што е најавено, тој ќе оствари и билатерална средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Како што јави известувачот на МИА од Блед, се очекува на средбата да стане збор, меѓу другото, и за актуелната состојба во земјата во контекст на уставните измени. 

Ковачевски утре ќе се обрати на лидерскиот форум а потоа се очекува да има билатерлани средби со специјалните претставници за Западен Балкан на ЕУ Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство сер Стјуарт Пич, како и други.

Премиерот Ковачевски на активностите ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои исто така ќе имаат обраќања на некој од панелите на Форумот.

Претпладнево на сесија пред форумот посветена на „Дигиталната трансформација во регионот на Западен Балкан“ зборуваше министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.“

Целта на собирот, што се одржува на 28 и на 29 август, е на учесници од различни области да им овозможи за размена на мислења и идеи за решавање на актуелните и предизвиците на иднината особено по војната во Украина, Ковид кризата, предизвиците со обезбедување храна, климатските промени... ев/лв/

ФОТО: МИА/МИА Архива

Остани поврзан