• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски и Бочварски на увид во изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Ковачевски и Бочварски на увид во изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе изврши увид на градежни активности на експресен пат Ранковце- Крива Паланка. 

Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. 

Инвестицијата во експресниот пат кој е со проектирана должина од 25,5 километри изнесува 62,5 милиони евра. Изградбата е поделена во две делници. Првата делница Длабочица-Чатал е со должина од 15,5 километри и вредност од 32 милиони евра, а втората делница Крива Паланка-Длобочица е со должина од 10 километри и вредност од 30,5 милиони евра.лв/вг/

фото: МИА Архива

Остани поврзан