• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: За јазикот и идентитетот ниту се преговара, ниту ќе се преговара

Ковачевски: За јазикот и идентитетот ниту се преговара, ниту ќе се преговара
Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) - За јазикот и идентитетот ниту се разговара, ниту преговара, ниту ќе се преговара во иднина, истакна премиерот Ковачевски во интервју за националниот радиодифузен сервис. - Во овој момент постојат само работни документи кои се разменуваат со Република Бугарија, а кои ќе бидат објавени кога ќе бидат конечни и кога ќе биде утврдена конечната рамка која ќе претставува пат до финално решавање на спорот кој го имаме со соседната земја, истакна Ковачевски. Тој потенцира дека во однос на самите разговори земјава има јасно изградени позиции во Собранието, поддржани од сите политички партии и тие позиции се јасни и за Владата и за пратениците, политичките партии и сите граѓани. - Нашиот јазик е јасно впишан во Обединетите нации и исто така јасно впишан во документите на ЕУ, додаде премиерот Ковачевски. сп/

Остани поврзан