• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Заедничка и напорна работа за надминување на кризата и просперитет

Ковачевски: Заедничка и напорна работа за надминување на кризата и просперитет

Ковачевски: Заедничка и напорна работа за надминување на кризата и просперитет

 

Скопје, 16 јануари 2023 (МИА) – Кризата и ќе ја преживееме и ќе ја надминеме само со заедничка работа, поддршка на најранливите категории граѓани, зачувување на работните места и задржување на ликвидноста на компаниите, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Во обраќање на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, Ковачевски истакна дека кога се работи напорно и има волја нема недостижна цел.

Ковачевски посочи дека бизнис заедницата во Владата има сериозен партнер и оти низ заеднички дијалог секогаш се бараат решенијата.

-Владата е партнер на деловната заедница бидејќи заедничка цел ни е да создаваме подoбри услови за граѓаните, ликвидни и брзорастечки компании, подобро платени работни места, а со тоа и подобар животен стандард за сите во државата, порача Ковачевски.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во видео обраќање посочи дека редоследот за, како што нагласи, расчистување на работите, се функционирањето на правната држава, односот меѓу капиталот и трудот, како и создавање заедничка стратегија која ќе го поттикне извозот.

Тој им порача на политичките елити да размислат сериозно за  прифаќање на Декларацијата што ја издаде Комората во која се бара во наредните 10 години фокусот да се стави на економијата, а историјата да се врати на историчарите.

Претседателот на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања Глигор Бишев, од своја страна порача дека во тековните услови и предизвици бараат мудри и добро осмислени економски политики. Политики, како што рече, што на краток рок ќе ја стават инфлацијата под контрола без да се поткопаат долгорочниот капацитет за економски раст и трансформација на економијата. 

-Кажано со микроекономски јазик, да се собори инфлацијата, а истовремено да се одржат компаниите во кондиција, да инвестираат, да воведуваат нови иновации и технологии, да одговорат предизвиците на новото време, рече Бишев. сх/лв/

Остани поврзан