• среда, 08 мај 2024

Ковачевски - Ердоган: Соработката е важна со цел ублажување на последиците од енергетската криза

Ковачевски - Ердоган: Соработката е важна со цел ублажување на последиците од енергетската криза
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска присуствува на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, на својот Фејсбук-профил информираше дека се сретнал со турскиот претседател, Реџеп Таип Едроган.
-Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Прага дискутиравме за важноста од соработка со цел ублажување на последиците од светската енергетска криза. Нашите пријателски земји, традиционално негуваат добрососедски односи и верувам дека економската соработка во иднина ќе се продлабочува, вели Ковачевски. ки/дма/

Остани поврзан