• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски: Дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија

Ковачевски: Дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија

Скопје, 18 јули 2023 (МИА) - Oваа Влада, успеа во она што беше недостижно досега, успеа да сврти нова страница на историјата и за прв пат по 15 години на иста маса со синдикатите и со сите засегнати, заеднички најде одржливо решение за платите во јавниот сектор, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

- Новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, кој денеска беше потпишан во Владата е победа за работниците и е резултат на успешните преговори и нашиот отворен дијалог со синдикатите, објави премиерот.

Вработените во јавниот сектор од септември оваа година ќе добијат 10 проценти повисоки плати и исплата на регрес за 2023 година во износ од 10 илјади денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината.

- Од март 2025 ќе се спроведува нова Методологија на плата. Во новиот Општ колективен договор предвидовме исплата на минимум К-15 во износ од 30 отсто од просечната нето плата. Заеднички со синдикатите дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија и сега и во иднина!, напиша премиерот Ковачевски на фејсбук. цр/са/

Фото: фејсбук Димитар Ковачевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан