• вторник, 23 јули 2024

Ковачевски: Донесовме тешки, но суштински одлуки за европска иднина на младите

Ковачевски: Донесовме тешки, но суштински одлуки за европска иднина на младите
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и говореше на отворањето на Центар за младински активизам во Општина Тетово, на кое присуствуваа и градоначалниците на Тетово и Гостивар Билал Касам и Арбен Таравари. Ковачевски истакна дека отворањето на овој простор значи уште едно место каде младите ќе може да ги споделуваат своите идеи, да ги разменуваат своите искуства, да се организираат во активизмот за нивна реализација, затоа што секој млад човек е исклучително важен дел од општеството денес но и за иднината на државата. Премиерот посочи дека оваа Влада е со прогресивни идеи за напредок и за одење напред на државата. - Затоа и изминатиот период беа донесени одлуки со кои овозможивме започнување на преговорите за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, кои се од суштинско значење за младите и за сите граѓани, рече Ковачевски. Тој посочи дека Владата е отворена за соработка со младите, а тоа, како што рече, може да се види и од инклузивниот процес кој ги вклучува младите и средношколците и експертите во сите закони, мерки и политики од интерес за младите. - Истото се однесува и на националната стратегија за млади која што е во изработка, но и на сите други програми кои Влада ги прави за да може младите да најдат перспектива во оваа држава. Тука пред се мислам на грантовите за вработување на млади до 29 години со завршено образование, како и за сите други програми во фондот за иновации, до поддршка на инвестиции за млади кои им овозможуваат да започнат свој сопствен бизнис, рече Ковачевски. мс/са/ https://www.youtube.com/watch?v=PX8T0-8XDX0&feature=youtu.be

Остани поврзан