Ковачевски во посета на манастирот Свети Јоаким Осоговски
- Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, денеска го посети манастирскиот комплекс Свети Јоа

Скопје, 28 август 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, денеска го посети манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, од каде упати честитка до христијанските верници.

- Денешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица е празник на почит, љубов, разбирање, зацврстување на нашата волја да правиме добри дела. Пресветата Богородица е заштитничка на Општина Крива Паланка и на овој голем празник, денеска од манастирот Свети Јоаким Осоговски, упатувам искрена честитка до сите христијански верници. Посакувам добро здравје, мир и благосостојба за сите. Нека е за многу години празникот, порача премиерот во честитката. ки/сп/