• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Во општините раководени од СДСМ просечно реализирани над 53 проценти од ветените проекти

Ковачевски: Во општините раководени од СДСМ просечно реализирани над 53 проценти од ветените проекти

Скопје, 1 септември 2023 (МИА) – Градоначалниците од редовите на СДСМ со својата работа и реализирани проекти на локално ниво се пример за успешна и посветена работа во интерес на граѓаните, посочи премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук споделувајќи фотографија од средба со партиското раководство и градоначалниците.

Ковачевски истакнува дека просечно во сите 17 општини раководени од СДСМ се реализирани над 53 проценти од ветените проекти пред граѓаните

-Општините се развиваат и напредуваат. Тоа е огромна разлика во споредба со неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ кои за две години немаат реализирани проекти и не работат ништо за граѓаните. Ова достигнување ја одразува посветеноста на СДСМ за граѓаните.Политиките на Владата се насочени кон рамномерен локален развој и економски напредок за подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани, се наведува во објавата.свс/лв/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан