• петок, 20 декември 2024

Ковачевски: Билатералните прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка

Ковачевски: Билатералните прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка
Скопје, 9 март 2022 (МИА) - Ние сме соседни држави и мораме да соработуваме и да се почитуваме со задржување на достоинството. Односите мора да ги градиме врз овие принципи и да шириме енергија прифатена во двете држави. Пораките во медиумите за односите на Северна Македонија и Бугарија мора да се во правец дека ние сме соседни држави, рече премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на ТВ 24. Преговарачката рамка, дополни, ја одобруваат сите членки на ЕУ, не само една држава. - Билатерални прашања не може да бидат дел од таа рамка. Таквите прашања ќе мора да се решат, но надвор од рамката, потенцира премиерот. Тој оцени дека кризата во Украина потврди оти во вакви услови соседните земји треба да имаат одлична соработка. - Само низ соработка може да си помагаат и да ги пребродат кризите. Тие треба да градат мостови на пријателства, рече Ковачевски. Со Бугарија, додаде, е започнат процес на комуникација и соработка, а по двете владини средби започна работата на комисиите во полето на економијата, инфраструктурата, иновациите, транспорт, образование и наука, култура и евроинтеграции. -Треба да се врати довербата меѓу двете општества која во минатото беше нарушена, бидејќи медиумскиот простор и перцепцијата беа под влијание на пропагандисти кои не сакаа решение и нормална комуникација меѓу двете земји, рече Ковачевски. Истакна дека работните групи активно функционираат, како и комисиите во Министерствата за надворешни работи кои ги дискутираат политичките прашања. -Комуникацијата на министерствата за надворешни работи се одвива низ работни средби. Тие ги дискутираат политичките прашања кои треба да се решат во пакет, по што ќе се крене ветото и ќе отпочнат преговорите со одржување на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија и ЕУ,  рече Ковачевски. лв/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан