• вторник, 24 декември 2024

Коалиција менуваме: Светни сино во знак на Аутизмот

Коалиција менуваме: Светни сино во знак на Аутизмот
Скопје, 2 април 2021 (МИА) - „Светни сино! Прифати ги различностите“, е пораката која ја испраќа Коалицијата Менуваме, за сите да подадеме рака на сите деца и лица со Аутизам.
Повикуваат заедно да ја дадеме поддршката и да го одбележиме Интернационалниот ден за подигнување на свеста и прифаќање на Аутизмот како состојба и различност, еднаква со сите други човекови состојби и различности.
- Запознајте ги преку дружење, игра, песна и забава децата и лицата со аутистичен спектар на нарушувања. Запознајте ги подобро, низ забава заедно, да се поздравите, да се гушнете и да се прифатите како еднакви, велат од коалицијата. ар/лв/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан