• вторник, 24 декември 2024

Коалиција „Менуваме“ најавува протест и камп за социјална правда

Коалиција „Менуваме“ најавува протест и камп за социјална правда
Скопје, 3 јули 2021 
Возрасни за гласање, деца кога треба да им се плати помош.
Државата ги третира лицата со попреченост како деца до 26 години и им исплаќа три пати помала помош. Но, кога се работи за гласање, државата ги третира како полнолетни со навршување на 18 години.
Прашањата поврзани со егзистенцијата и преживувањето се ригорозни кон луѓето со попреченост од кои државата бара да бидат гласачко тело.
Животот не ги поштедил овие луѓе кои секојдневно се соочуваат со низа проблеми и молат од државата поголема поддршка во обезбедување на здравствена услуга и грижа со кои барем дел од тешкотиите ќе им се олеснат и за миг ќе се почувствуваат подеднакви со останата граѓани.
Маја.Стоилкова, мајка на 22-годишно девојче со попреченост, вели дека парите за детски додаток што ги добиваат не се соодветни за возраста и потребите на овие лица.
„Мојата ќеркичка наполни 22 години, а има и право на глас, а таа сè уште спаѓа во група на деца со потреби и прима 4.500 денари како детски додаток, но тоа не се доволни средства за да може еден родител да издржи со тие средства. Овие лица примаат лекови, има лица со разни дијагнози и повеќето од лековите не се на позитивна листаи како родители ги набавуваме сами. Каде се другите работи? Лицата имаат и други потреби“, вели Стоилкоска.
Алишан вели дека со поместување на старосната граница ќе се овозможи поголема социјална инклузија и осамостојување на лицата со попреченост.
„Со тие 11.500, лицето кога ќе наполни 18 години може да добие постабилен живот, може да креира семејство и да да биде функционален во општеството, додека на 26 години со 4.500 не може да биде функционален. Има пример, двајца со попреченост во брак од по 22 години никаде не работат, а живеат со детски додаток. Тој член се повредува со оние ново настанати ситуации кога како лица се осамостојуваат и треба да бидат одговорни“, вели Алишан.
Време е...
да бидеме прифатени онакви какви сме...
различни но еднакви
На 20 07 2021 во 18 часот Коалицијата Менуваме ке одржи протест и камп од 20 до 30 7 2021 од  Влада до Собранието на Македонија каде ке биде кампот 10 дена.
Време е...
да се вклучиме во општеството
рамноправни и еднакви.
Време е...
заедно да се соочиме со предизвиците...
и заедно да ги најдеме решенијата...
Време е...
да се обединиме во заеднички интереси ...
и во интерес на сите следни генерации...
* * *
Да покажеме и докажеме дека и ние ...
„МОЖЕМЕ! ЗНАЕМЕ! УМЕЕМЕ!“
Сите зедно да се обединиме за изедначување на правата на лицата со попреченост, хендикеп, посебни потреби и типичните.
Коалиција „Менуваме“
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан