• вторник, 24 декември 2024

Коалиција „Менуваме“: Надминат проблемот со автобуските билети на 260 деца и лица со попречен вид во Скопје

Коалиција „Менуваме“: Надминат проблемот со автобуските билети на 260 деца и лица со попречен вид во Скопје
Скопје, 16 јануари 2022 (МИА) - Коалицијата „Менуваме“ ги информира членовите на Здружението за слепи и слабовидни лица - Скопје дека е надминат проблемот со автобуските билети во јавниот превоз и дека тие ќе можат повторно да ги користат. Билетите ќе можат да ги подигнат утре, од 8 до 16 часот во
во Здружението.
Од Коалицијата Коалицијата „Менуваме“ посочуваат дека на 12 јануари 2022 година членови на Здружението за слепи и слабовидни лица - Скопје се обратиле до нив за надминување на проблемот на 260 деца и лица со попречен вид.
-Коалицијата „Менуваме“ пристапи на решавање на овој проблем, кој е и потреба на лицата со попречен вид. Во соработка со ЈСП „Скопје“, овие лица можат да ги користат повторно слободните, се вели во соопштението. Изразуваат благодарност и до Надица Јовановска, претседателка на Здружението за слепи и слабовидни лица Скопје.
Коалицијата „Менуваме“ формираше кризен штаб од стручни лица кој ќе изврши скрининг во Националниот сојуз на слепи на Македонија зошто, како што наведуваат, се прекршуваат човековите права на лицата со попречен вид, што е спротивно на меѓународните документи и Уставот.
Според нив, настанатиот проблем во однос на слободните автобуски карти е поради неподмирување од страна на Националниот сојуз на слепи на Македонија што е, како што наведуваат, нивна обврска согласно Меморандумот со Град Скопје во мај 2021 година. мд/бт/

Остани поврзан