• петок, 22 ноември 2024

Коалиција Вреди: Опожарен билборд на кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина

Коалиција Вреди: Опожарен билборд на кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина

Скопје, 7 април 2024 -

Коалицијата ВРЕДИ го крева гласот за палење на билборд на кандидатот Арбен Таравари, на полноќ, во Скопје. Виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат.

Денеска на полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен.

Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи.

Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат!

Коалиција Вреди

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Коалиција ВРЕДИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан