Коалиција „Вреди“: ДУИ јавно ја призна вината за бришењето на дијаспората
- Денес, пред очите на јавното мислење и медиумите, Демократската унија за интеграција јавно ја призна вината за една од најсериозните и неуставни неправди врз Албанците од Северна Македонија, бришењето на дијаспората од пописот на населението во 2021 година преку скандалозната методологија што ги подели жителите на резиденти и нерезиденти, изјави Дритон Сулејмани - претставник на ВРЕДИ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално.
28 јули 2025
Денес, пред очите на јавното мислење и медиумите, Демократската унија за интеграција јавно ја призна вината за една од најсериозните и неуставни неправди врз Албанците од Северна Македонија, бришењето на дијаспората од пописот на населението во 2021 година преку скандалозната методологија што ги подели жителите на резиденти и нерезиденти, изјави Дритон Сулејмани - претставник на ВРЕДИ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално.
Наместо да дадат отчет за овој сериозен политички и национален чин, тие избегнаа каква било одговорност, молчејќи за фактот дека пописот е спроведен во време кога ДУИ беше на власт и имаше свој претставник во Државниот завод за статистика.
ВЛЕН јавно го прашува ДУИ:
Зошто ја избришавте албанската дијаспора од пописот?
Која беше валканата политичка зделка што ја направивте и со кого?
Зошто ги исклучивте Албанците од дијаспората од донесувањето одлуки кои со децении придонесуваат за оваа земја?
Ова е невиден чин, со кој се нарушува фундаменталното право на дијаспората да биде составен дел од албанскиот народ во Северна Македонија, не само емоционално, туку и правно и институционално.
Сега е јасно: ДУИ, заедно со своите нонграти пријатели, не само што молчеа за оваа неправда четири години по ред, туку денес признаа дека биле коорганизатори на овој неправеден процес, а притоа не дадоа никаков одговор за нанесената штета.
Додека албанците од диаспората беа изоставени, ДУИ денес прави нови пазарења за заеднички листи на локалните избори. Дали ова е предупредување за нов таен договор меѓу ДУИ и нејзините патерици? Со овој договор, дали новите сојузници ја амнестираа ДУИ за овој срамен чин?
Почитувани,
ВЛЕН им гарантира на сите дека овие неправди нема да останат неказнети. Во октомври 2025 година, најсилниот одговор ќе дојде од граѓаните и дијаспората, кои ќе изберат еднаквост, правда и достоинствено претставување, а не пазарење и манипулација.
ВЛЕН ќе продолжи да ја потсетува албанската јавност на сите антиалбански одлуки на претходниот режим. Оние кои ја исклучија дијаспората ќе бидат исклучени и од локалната власт. И тоа ќе го сторат граѓаните со својот глас!
ВЛЕН затоа што Албанците не забораваат! ВЛЕН затоа што дијаспората е неразделен дел од нашата нација!
Дритон Сулејмани - претставник на Коалиција „Вреди“
Видео: https://www.swisstransfer.com/d/aaa0357b-c0f0-41ff-be9a-fb5cddae8516
Коалиција „Вреди“